Терористички напад во Ерусалим? Автомобил влета во толпа луѓе, загина 6-годишно момче (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Шестгодишно момче загина, а седум лица се повредени кога денеска автомобил влетал во група луѓе на автобуска постојка на периферијата на Ерусалим, јави израелското воено радио, повикувајќи се на медицински работници на местото на настанот.

Израелската полиција соопшти дека се работи за намерно влетување со автомобил, чиј возач загинал во нападот.

Претходно, израелската служба за итни случаи соопшти дека во нападот биле повредени шест лица, меѓу кои две деца, пренесува „Ројтерс“.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како син автомобил удира во столб пред автобуска станица во Ерусалим.

Инцидентот се случува во време на високи тензии по нападот во кој палестински напаѓач застрела седум лица пред синагога минатиот месец.

Слични содржини