Тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово, повредена повозрасна жена

од Nikola Popovski

На 13.12.2022 во 13.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, во близина на влезот за с.Рогле, патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(45) од Кичево, излетало од патот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото В.С.(74) од Кичево, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Слични содржини