Тешко повреден велосипедист при сообраќајна несреќа

од Vladimir Zorba

 Велосипедист е повреден во сообраќајна незгода што вчера во 11:55 часот се случила во Битола.  Седумдесет и седумгодишниот велосипедист Ј.К. со тешки телесни повреди е пренесен во Клиничката болница во Битола.

Незгодата се случила на улицата „Партизанска“ меѓу велосипедистот и патничко возило „мерцедес“ со битолски таблички управувано од С.Б. (47).  На местото е извршен увид и се работи на расчистување на случајот, информираат во МВР билтенот.

Слични содржини