Тинејџери се боделе со нож во трговски поради девојка

од Nikola Popovski

Малолетник прободел три години постаро момче поради кавга за девојка, информираа од полицијата.

На 31.01.2023 во 14.30 часот во трговски центар на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје.

-Околу 14.05 часот, по кратка расправија и недоразбирање поради девојка, тој со нож му нанел повреда на М.А.(18) од с.Зелениково, скопско, при што бил забележан и задржан од полициски службеник од Полициската станица Центар, соопштија од МВР.

Слични содржини