Тинејџер во Сингапур со секира убил 13-годишно момче

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата во Сингапур уапси 16-годишно момче откако мртво 13-годишно дете беше пронајдено во училишниот тоалет. Покрај неговото тело се наоѓала секира. Убиеното момче имало повеќе повреди на телото.

Според полицискиот извештај, во понеделникот полицајците ја пронашле жртвата со повеќе рани, а болничар констатирал смрт на местото на настанот, пишува Си-Ен-Ен.

Инцидентот се случил во угледно средно училиште

Полицијата пронашла секира покрај телото на момчето. Инцидентот се случил во средното училиште Ривер Вали, угледно училиште во западниот регион на Сингапур.

16-годишен студент е уапсен и денеска ќе биде обвинет за убиство, се вели во полициското соопштение.

Прелиминарните наоди од истрагата покажуваат дека тинејџерите не се познавале меѓусебно и сè уште не е познат мотивот за нападот.

Слични содржини