Топ храна за здрав систем за варење

од Vladimir Zorba

Јануари е месец во кој обично се грижиме за својата форма по прејадувањето по празниците. Покрај тоа, во текот на овој месец се обидуваме да го зголемиме имунитетот и да се спречи нападот на грипот.

Кога ќе почнеме да се чувствуваме непријатно во омилените фармерки и почувствуваме дека половината ни ја зголемила големината, доаѓа на ред паниката и започнувањето на строги диети. Всушност, треба да се погрижиме за дигестивниот систем.

foodpanda, ја избра топ храната која ќе го зголеми имунитетот и ќе ја намали половината.

Кокос– исполнет е со влакна и здрави масти кои ќе ве заштитат од прејадување за време на оброкот.

Бадеми– богати со растителни влакна и протеини, тие се совршен појадок, кога чувствувате глад. Ќе ве држат сити, без да чувствувате тежина во стомакот.

Маслинки– тие се вкусни, корисни и можат да се консумираат на многу начини, па да не ви здосади. Ги препорачуваме зелените сорти маслинки.

Костеново брашно– обидете се да приготвувате леб и печива од костеново брашно. Таа има доволно влакна, за да го задржи варењето и да не заштити од болести или моментални болки.

Сушени плодови– сушеното овошје во зима е одлична опција за набавка на витамини и соодветно одржување на стомакот рамен.

Компири- варени или печени, тие се сигурен извор на витамини, влакна, минерали. За жал, ова не важи за пржени компири.

Кисело млеко– прави чуда за дигестивниот систем, бидејќи содржи пробиотици или живи бактерии кои го подобруваат целокупната состојба.

Слични содржини