Тошковски објави ВИДЕО: Гости во кафуле седеле со пиштоли, полицајци не реагираат

од Nikola Popovski

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски информираше дека е покрената дисциплинска одговорност за четворица полициски службеници од ПО Кривогаштани кои постапиле спротивно на законот и подзаконските акти.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за утврдување дисциплинска одговорност, против лицата Б.Б., Г.А., С.С. и Д.Т. – вработени во Министерството за внатрешни работи на работно место полицаец во ПО Кривогоштани.

-Имено, постапувајќи по претходна пријава на сопственик на угостителски објект на територијата на општина Кривогаштани, во која се вели дека во неговиот објект седат лица кои поседуваат огнено оружје – за што биле објавени снимки и на социјалните мрежи, претходно споменатите полициските службеници не извршиле одземање на оружје, претрес и легитимирање на лицата, обелодени Тошковски.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди биле извршени сите неопходни проверки и притоа било утврдено дека со непреземањето на потребните мерки полициските службеници постапиле спротивно на Законот за полиција и со тоа извршиле потешко кршење на работниот ред и дисциплина.

Слични содржини