Трајковски: Имав три играчи пред мене и мислев топката нема да влезе во гол

од Nikola Popovski

После пристигнувањето на аеродромот „Скопје“, изјава за медиумите даде и стрелецот на победоносниот гол против Италија, Александар Трајковски.

-Среќен сум за голот и за таа 92-ра минута, за да донесам радост барем во овој момент. Треба да се ужива, но и да се подготвиме. Искрено имав три играчи пред мене и мислев нема да влезе, не ми се веруваше. Гледаа на ВАР, но знаев дека не ме удри во рака. Имаме четири дена за одмор и сили за да отидеме во Португалија и да се подготвиме. И пред Италија реков дека сакам да не потценат и сакам и Португалија да го направи тоа. Ќе видиме како ќе биде. Секогаш е убаво да дојдат наши навивачи на гостински терен. Се надевам во Португалија ќе дојдат уште повеќе. Дај боже уште еден гол да дадам, рече репрезентативецот Трајковски.

Слични содржини