Трамп: Ако Бајден стане претседател, цела Америка ќе стане пекол како Чикаго

од Vladimir Zorba

Доналд Трамп оцени дека состојбата во еден од најголемите градови во земјата – Чикаго – е „полоша отколку во Авганистан“. Тој за ситуацијата ги обвини градските власти, на чие чело се претставниците на Демократската партија.

Претседателот на САД додаде дека претставниците на Чикаго се слаби и се плашат од демонстрантите, па затоа одбиваат федерална помош за воспоставување ред.

„Што е со Чикаго? Мислите ли дека им треба помош после минатиот црн викенд? Дали знаете кои се бројките? Многумина, многу луѓе беа повредени, многумина се убиени. Не зборувам за една или две жртви – загинаа 18 лица! Мислам дека има и повеќе. И колку ќе бидат убиени во текот на летото? Ова е дефинитивно полошо отколку во Авганистан!“, вели Трамп.

Претседателот- како што се очекуваше – го вклучи идниот кандидат на Демократската партија за претседател на САД, Џо Бајден, во „приказната за Чикаго“:

„Сите градови како Чикаго ги водат либералните демократи. И ако Бајден добие шанса да ги предводи САД – така ќе биде во целата земја! Целата земја ќе стане пекол. Но, нема да дозволиме тоа да се случи! “

Трамп не прецизираше на кој начин тој нема да го дозволи тоа. Тој откри само дека Белата куќа ја разгледува можноста да испрати „федерални службеници во Чикаго за да помогне во почитувањето на законот во градот“.

Слични содржини