Тренчевска: Од 2017 за 5309 денари е покачена најниската пензија, до 2028 година минималната пензија ќе биде 20 илајди денари

од Симе Стоиков

„Од 2017та година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари, и овој месец најниската исплатена пензија изнесува 13 900 денари“ рече коносителката на листата во ИЕ4 од СДСМ, Јована Тренчевска на митингот во Гевгелија.

Таа додаде дека со реални мерки и методолгијата со која ќе има усогласување на пензиите во јануари и јуни, се гарантира растот на пензиите и до 2028 година минималната пензија ќе биде 20 илјади денари, додека просечната ќе биде 30 илјади денари.

„Исплатата на пензиите ја гарантираме со стабилен пензиски фонд, преку отворање на нови работни места, активација и економско зајакнување на секој наш граѓанин. Тоа се остварува само со обезбедување достоен животен стандард за секој од вас. Во 2017 година минималната плата изнесуваше – 10.080 денари , а денес изнесува 22.500 денари“ рече Тренчевска.

Таа додаде дека законот за минимална плата гарантира дека во наредните четири години, просечната плата ќе достигне рекордни 1100 евра, додека минималната ќе се искачи на 600 евра.

Слични содржини