ТРЕВОГА во Англија, пронајдени мртви најмалку 3 лица: Полицијата на нозе, улици затворени

од Vladimir Zorba

Три лица се пронајдени мртви во Нотингем, а маж (31) е уапсен под обвинение за убиство.

Полицијата соопшти дека станува збор за „голем инцидент“, пренесува Sky News.

Како што се наведува, полицијата утринава добила повик кога две лица биле пронајдени мртви на улица.

Полицијата потоа била повикана на друга локација на улицата Милтон, каде три лица биле повредени кога комбе се обидело да ги прегази.

Исто така, на патот Магдала е пронајден мртов маж.

Итно биле затворени околните патишта, а полицијата започнала истрага. Во прекин беше и железничкиот сообраќај.

Шефот на полицијата Кејт Мејнел изјави дека станува збор за „страшен и трагичен инцидент во кој три лица ги загубија животите“.

„Сметаме дека сите три инциденти се поврзани и едно лице е уапсено. Истрагата е се уште во рана фаза и работиме на утврдување на сите факти“, се наведува во полициското соопштение.

Слични содржини