Три масла – чуда во текот на летото

од desk3

 

Летото е веќе тука, а повеќето од нас сонуваат да блескаат со златен тен, здрава кожа и сјајна коса. Во следниот текст ви го откриваме патот кон прекрасната летна визија, која може да биде постигната лесно со помош на само три био масла

Арганово масло

Косата се истоштува брзо под влијание на силните сончеви зраци и солената вода. Затоа за да ја потхраните, потпирајте се на арганово масло. Тоа ја храни косата, како што ја обновува еластичноста  ги штити врвовите од цветање. Најдобар начин е да направите длабоко-хранлива терапија со маслото, го нанесувата директно на косата, за да биде покриени во целост. Оставете го да дејствува барем 15 минути, а потоа измијте со благ шампон. Масирањето на маслото во скалпот може да помогне уште и за олеснување на сувата или нервозна кожа на главата.

Какао путер

Мазната и нежна кожа на телото е основна мисија на какао путер, кое поседува регенеративни својства. Тоа е соодветно за заздравување на рани, елиминирање на несакани лузни, траги од акни и стрии. Антибактериските и антиинфламаторните својства на какао производот,  помагаат за отстранување на чешањето и чувството на печење, црвенило и оток, како и лекување на егзема и изгореници. Прифатено како храна, пак, маслото делува тонирачко, како стимулирање на  производството на ендорфин “хормон на среќата”. Освен тоа какао путерот ја подобрува менталната активност и се зголемува ефикасноста. И  помага за изедначувањето на сончевиот тен. А што се однесува до заштита од опасните УВ зраци – ваш прв пријател станува кокосовото масло.

Кокосово масло

Кокосовото масло поседува природен заштитен фактор SPF5 и истовремено со тоа ја потхранува и ја регенерира веќе оштетената кожа. Со него може да се чисти и шминката, кожата на лицето, да го користите и како крем за тело или за бричење, како балсам за усни или околоочен серум. Додадете сода бикарбона кон кокосовото масло и ќе добиете антибактериска паста за заби, а ако сакате да се заштитите од досадните инсекти, нанесете го нежно на кожата со неколку капки етерично масло од нане, рузмарин или чајно дрво.

Слични содржини