Тројца членови на ФИФА добија доживотна забрана за фудбалски активности

од desk2

Етичкиот комитет на ФИФА прогласи тројца членови на организацијата за виновни по обвиненијата за учество во корупција. Тројцата добија доживотни забрани за фудбалски активности.

Ричард Лаи, Хулио Рока и Рафаел Ескивел се изјаснија како виновни по обвиненијата дека учествувале во корупција додека биле членови на ФИФА, и ним им беа доделени доживотни забрани за работа во фудбалскиот свет.

Лаи беше на чело на Фудбалската Асоцијација на Гуам, и тој се изјасни како виновен дека примил скоро 1 милион долари мито во април оваа година. Рока, поранешен претседател на Фудбалската Федерација на Никарагва, призна дека примил мито и незаконски посредувал тендери за маркетиншки права. Тој беше уапсен во 2015 година.

Ескивел беше дел од Федерацијата на Венецуела од 1988 до 2015, но подоцна беше обвинет за рекет, перење на пари, земање мито, и за организирање на ланец на корупција во рамки на ФИФА и неговата домашна Федерација. Тој успеал нелегално да „заработи“ преку 12 милиони долари во овој период, а од ФИФА се сомневаат и дека тој ја оштетил нивната организација за околу 200 милиони.

Сите тројца беа отстранети од позициите во 2015 година, но конечната пресуда беше донесена дури денеска.

Слични содржини