Тројца малолетници палеле контејнери за време на полициски час, заработија кривични пријави

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека тројца малолетници ќе одговараат за намерно палење контејнери за време на полициски час во текот на минатиот месец во Тетово, информираат од полицијата. Поради тоа, против нив се поднесени кривични пријави за три дела.

„Секторот за внатрешни работи Тетово ja расчисти серијата пожари на контејнери, кои се случија минатиот месец во Тетово и изготви соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство Тетово против тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години од Тетово, а поради сомнение дека сториле три кривични дела: предизвикување општа опасност, непостапување според здравствени прописи за време на епидемија и загадување на животна средина и природа. Тројцата малолетници на 18 и 28 април годинава во вечерните часови предизвикале пожар на неколку контејнери на улиците Благоја Тоска, 107 и Илинденска, прекршувајќи ја притоа и забраната за движење“, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Слични содржини