Ципрас и Павлопулос утре ќе разговараат за текот на преговорите за името

од desk2

Во претседателската палата во Атина утре претпладне, во 9,30 часот, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе го извести претседателот Прокопис Павлопулос за текот на преговорите околу името, соопштуваат од кабинетот на Ципрас.


По средбата со Павлопулос, грчкиот премиер, за истата тема, но телефонски ќе ги извести лидерите на политичките партии, јавува дописничката на МИА од Атина.

Како што МИА претходно јави, грчки владини извори утринава ги брифираа медиумите во земјата дека Ципрас за време на викендот ќе ги извести претседателот на државата и претседателите на партиите за текот на преговорите околу името, појаснувајќи дека Атина не отстапува од нејзината позиција за ерга омнес име и уставна ревизија, како главни предуслови за да постои договор.

Слични содржини