Црна Гора воведе обврска за носење маски за деца постари од 5 години

од Aleksandar Petrovski

Црногорското национално координативно тело за инфективни болести (НКТ) воведе обврска да носат заштитни маски за деца постари од пет години, со цел да се намали ширењето на коронавирусот кај децата и учениците.

НКТ го упати Министерството за образование до понеделник да ги утврди сите релевантни параметри и да ја информира јавноста за сите аспекти на почетокот на учебната година, имајќи ја предвид епидемиолошката состојба.

Надлежните инспекциски тела, пред се Санитарен и здравствен инспекторат, се задолжени да го следат исполнувањето на условите за редовна настава во контекст на почитување на епидемиолошките мерки до почетокот на учебната година.

„Инспекциските тела, како на државно, така и на локално ниво, уште еднаш се повикани на доследно и континуирано следење на спроведувањето на важечките епидемиолошки мерки и редовно да известуваат на јавноста за резултатите од контролите“, објави Владата на Црна Гора.

Слични содржини