Турскиот извоз на оружје во 2019 година надминал 2,7 милијарди долари

од Aleksandar Petrovski

Турскиот извоз на оружје во 2019 година се зголеми за 36,4% во однос на 2018 година и надмина 2,7 милијарди американски долари, објави весникот „Сабах“.

Според податоците добиени од Турската унија за извозници (TİM), извозот пораснал за 34,6% и достигнал 2,7 милијарди долари минатата година од 2,03 милијарди американски долари во 2018 година, кога за прв пат надмина 2 милијарди американски долари.

За да се намали зависноста од увезените производи и со поддршката на државата, приватните компании ја доведоа индустријата до значителен напредок од 2006 година, пишува „Сабах“. Пазарот на одбранбениот и вселенскиот сектор беше проценет на 1,3 милијарди американски долари во 2002 година.

Најголемата турска компанија за електроника во областа на одбраната ASELSAN е рангирана на 52-то место на списокот Defense News Top100 – американско списание за одбранбена индустрија во САД, со продажба од 1,8 милијарди долари, додека TAI (1,05 милијарди долари) рангирана на 69-то место. Turkey Defense Technologies Engineering and Trade Inc. (STM) е рангирана на 85-то место на списокот со 564,8 милиони американски долари, а Roketsan (522,8 милиони долари) е на 89-то место. Извозот во земјите од Блискиот исток и ЗНД речиси двојно се зголеми, за 710,1 милиони и 241 милиони американски долари, соодветно. Најголем извоз од 841,3 милиони американски долари е остварен во северноамериканската зона за слободна трговија, вклучително и САД.

Слични содржини