Уапсен експерт за нанотехнологија во Америка, премолчел врски со кинеските власти

од Stefanija Kuzmanovska

Професор и истражувач од Институтот за технологија во Масачусетс, специјалист по нанотехнологија, беше уапсен и обвинет за прикривање на врските со кинеските власти кога побарал пари од САД.

Федералното обвинителство во Бостон го обвини 56-годишниот Ганг Чен, машински и нанотехнолошки инженер со кинеско потекло, за измама на Министерството за енергетика на САД кога тој побара грант криејќи ја својата сметка во странска банка во даночна пријава.

Според обвинението, тој исто така ги премолчел наградите, контактите и средбите што ги имал со разни лица од Кина.

По апсењето, Федералното биро за истраги издаде налози за претрес по неговиот дом и канцеларија во Институтот, каде што е вработен како директор на лабораторијата „Папалардо“ за микро и нано инженерство.

Според обвинението, Чен е роден во Кина, но има американско државјанство.

Обвинителите рекоа дека Чен бил вклучен во разни напори за промовирање на технолошкиот и научен развој на Кина, вклучително и како странски експерт за кинеската влада на барање на кинескиот конзулат во Њујорк.

Се наведува дека тој имал неколку состаноци со кинески граѓани од 2012 година, а понекогаш им давал совети директно на претставници на кинеската влада, а тоа често го правел за финансиски надомест.

Обвинението истакнува дека тој добил пари од разни кинески субјекти и дека помогнал во разгледување и проценка на апликациите за грантови за Националната фондација за наука на Кина, која работи слично како и американските агенции за донации.

Од 2013 година, Чен, наводно, добил приближно 29 милиони долари финансирање од странство.

За делата за кои е обвинет му се заканува казна затвор од неколку години.

Слични содржини