Уапсен син на пратеник за убиството на полицискиот инспектор во Бјелина

од Stefanija Kuzmanovska

Во Бјелина, БиХ, рано утринава е уапсен осомничен за убиството на полицискиот инспектор Ненад Марковиќ, дознава АТВ.

Според неофицијални информации, уапсен е Н.К, син на член на Социјалистичката партија и пратеник.

Како што дознава АТВ, осомничениот и убиениот полициски инспектор не биле во конфликт.

Н.К. ѝ е веќе познат на полицијата.

Тој бил поврзан дека во 2021 година поставил експлозивна направа во кафеана и запалил автомобил.

Потсетуваме, Марковиќ бил застрелан и убиен синоќа, неколку минути по полноќ пред ноќен клуб во Бјелина.

Неофицијално се дознава дека Марковиќ бил застрелан во моментот кога го напуштал клубот.

Во таа прилика е ранет припадник на обезбедувањето.

Рано утринава поради поврзаност со ова тешко кривично дело се уапсени четири лица меѓу кои и првоосомничениот Н.К.

Убиениот Ненад Марковиќ работел како инспектор во Полициската станица 2 во Бјелина.

Слични содржини