Убиен уште еден командант на Хамас, тврди израелската армија

од Stefanija Kuzmanovska

Израелската војска објави дека уште еден командант на Хамас е убиен во воздушен напад во Појасот Газа.

Според воените и разузнавачките податоци, Хасан ал-Абдулах, командантот на ракетниот систем на Хамас на север, е убиен во Кан Јунис.

Се наведува дека војската продолжува да ја напаѓа „терористичката инфраструктура на Хамас во Појасот Газа“, вклучително и, како што е наведено, воените командни центри и локациите за лансирање ракети.

Слични содржини