Укината забраната за тешки товарни возила, слаб снег во околината на Битола, Ѓавато, Плетвар и Демир Капија

од Nikola Popovski

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во околината на Битола, Ѓавато, Плетвар и Демир Капија, информираат од Автомото Сојузот на Македонија.

ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известува дека од 01:00 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража-Кичево.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Слични содржини