Украинските сили: Одбивме 11 руски напади

од Stefanija Kuzmanovska

Руските сили во Украина извршиле напади во повеќе правци, а во изминатите 24 часа имало 64 судири, соопшти утрово Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Украинските сили одбија 11 руски напади во правец на Бахмут и продолжија со офанзивните операции јужно од тој град, пренесува „Униан“.

Руските војници, со поддршка на авијацијата, не се откажуваат од обидите да ја опколат Авдеевка, но украинските војници ја држат линијата на одбраната, се наведува во соопштението.

Се додава дека украинските сили ги одбиле руските напади во правец на Купјанск, Маринка, Шахтјорск и Запорожје.

Слични содржини