Утре ќе биде промовиран АДА -првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавниот сектор

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи информира дека денеска ги имал последните координации со тимот на CodeWell, пред утрешната промоција на АДА, првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавен сектор.

-Горд сум и благодарен за сработеното и после година ипол работа сите сме возбудени дека на граѓаните и компаниите веќе од утре ќе ги имаат достапни услугите на АДА. АДА на сите заинтересирани граѓани и компании ќе им ги нуди сите информации за поддршка на инвестиции по Планот за економски раст, сите повици од програмата на ФИТР, како и условите за инвестирање во нашата земја преку ТИРЗ, објави Битиќи.

Според неговите зборови, со АДА ќе се автоматизираат над 80% од интеракции со корисниците, што ќе придонесе до голема заштеда на ресурси, транспарентна комуникација со граѓаните, намалување на метежот во институциите, како и поефикасни и поефективни процеси, услуги и зголемување на продуктивноста на вработените.

Промоцијата на АДА ќе биде утре во 11:00 часот.

Слични содржини