Ужас во Газа: Убиени повеќе од 700 деца

од Nikola Popovski

Повеќе од 700 деца се убиени во Појасот Газа од избувнувањето на војната меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел, соопшти денеска УНИЦЕФ.

„Според последните извештаи од локалните здравствени власти и медиумите, повеќе од 700 деца се убиени, а повеќе од 2.450 се повредени“, информирала за Си-Ен-Ен портпаролката на УНИЦЕФ, Сара Ел-Катаб.

Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер изјавил дека убивањето на децата мора да престане.

„Сликите и приказните се јасни – деца со страшни изгореници, минофрлачки рани и повредени екстремитети. Болниците се целосно преоптоварени“, рекол Елдер.

Тој додал дека израелските деца, кои се држат како заложници во Газа, мора веднаш да се вратат кај своите семејства.

Слични содржини