„Уживаме во љубовта“: Салма Хајек објави фотографија на која е качена на нејзиниот сопруг

од Stefanija Kuzmanovska
573 прегледи

Холивудската дива Салма Хајек објави слика со нејзиниот богат сопруг, милијардерот Франсоа-Анри Пино.

Сопругот на Салма е извршен директор на конгломератот „Керинг“, кој поседува многу луксузни модни брендови како Гучи, Ботега Венета, Александар Меквин и Баленсијага.

„Форбс“ на Мазагин наведува дека семејството на милијардерот „тежи“ речиси 40 милијарди долари.

Салма и Франсоа Анри се во брак 13 години, а се запознале случајно.

„Беше толку глупаво. Почнавме да зборуваме за фудбал. И двајцата сме луди по фудбал. И тогаш почнавме да зборуваме за науката. Ние ги сакаме вселената и физиката, а тој беше толку паметен, шармантен и смешен“, изјави Хајек за АП пред две години.

Тоа интервју беше ретко, бидејќи актерката не зборува често за природата на нејзината врска со Пино. Пино ја наследил улогата на извршен директор од неговиот татко, кој го основал и изградил „Керинг“ во 1963 година. Започнал со мала трговска компанија со дрво.

На фотографијата која ја објави Салма таа силно го гушка својот сопруг во водата и е качена на него.

„Уживаме во сонцето, морето и љубовта“, напиша актерката.

Слични содржини