Вангелов: Бугарскиот наратив кон С. Македонија е сличен на наративот на Русија врз Украина

од Nikola Popovski

Бугарските постапки не се исти со постапките на Русија врз Украина во однос на воени дејствија, но наративот создава антагонизам. Трајни последици меѓу народите и луѓето, вели членот на македонскиот тим од Мешовитата историска комисија, Огнен Вангелов за односите на официјална Софија кон Скопје.

Според него, не може да се негира дека тој антагонизам постои во Бугарија, доминантен е и се уште се негува, во големи делови во форма на говор на омраза, според дефиницијата на ОН.

-За мене тоа е јасно, немам дилеми. Сличен наратив, кој има агресивна нота и преставува основа на бугарските позиции. Официјални позиции во нивните документи испратени до ЕУ, смета Вангелов говорејќи во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини