Вархеји: Сите очи се вперени кон Скопје, демократски е да се прашаат пратениците за предлогот

од Nikola Popovski

Денеска еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји од албанскиот град Валона порача дека сите очи се вперени кон С. Македонија.

-Има демократска дебата во Собранието. Таму беше претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен. Се надевам дека дебатата ќе биде решавачка и ќе ни даде чиста позиција и јасна одлука дека С. Македонија е подготвена да продолжи напред и да го прифати францускиот предлог што е ставен на маса. Мислам дека е јасна заложбата на Владата, премиерот и претседателот на земјата, но по вакви прашања мислам е демократски и правилно да се прашаат претставниците на граѓаните, а тоа се пратениците и се надевам дека ќе имаме јасен и позитивен одговор на крајот. Дебатата треба да заврши како и во секое Собрание во секоја земја, рече Вархеји како одговор на новинарско прашање на заедничката конференција со албанскиот премиер Еди Рама.

Слични содржини