Верниците му оддаваат почит на папата Бенедикт Шеснаесетти во базиликата Свети Петар

од Vladimir Zorba

Телото на почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти е изложено во базиликата Свети Петар, а илјадници верници денеска се наредени неколку часа пред зори за да минат и да му оддадат почит.

Вратите на црквата беа отворени утрово за да им се овозможи на верниците, од кои некои чекаа со часови на влажното време пред зори, да му оддадат почит на починатиот папа кој го шокираше светот кога се повлече во 2013 година, станувајќи првиот папа што го направил тоа во последните 600 години.

Почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина во саботата наутро на 96-годишна возраст во манастирот во Ватикан каде што живееше од неговото пензионирање во 2013 година.

Телото на починатиот папа Бенедикт Шеснаесетти ќе биде изложено во следните три дена пред погребот во четврток, кој ќе го предводи папата Франциск на плоштадот Свети Петар.

Претставниците на безбедносните служби денеска очекуваат најмалку 25.000 луѓе да поминат покрај телото на папата Бенедикт првиот ден.

Слични содржини