Вежби за истегнување за луѓе кои имаат седечка работа

од desk2

Според најновите истражувања, секој од нас во просек поминува околу 7,7 часа дневно во седечка положба. Секојдневното седење има многубројни последици на телото, а неактивноста е четврта најчеста причина за предвремена смрт во светот.

Со оглед на тоа дека сѐ повеќе се зголемува бројот на седечки професии, експертите предупредуваат дека треба да се реагира уште пред да се забележат првите тегоби од долгото седење.

Подгрбавеното седење на биро на почеток може да предизвикува помали болки во грбот што постепено почнуваат да се влошуваат. Лошото држење може да предизвика стегање на ‘рбетните дискови, што може да предизвика трајни проблеми.

Седењето пред компјутер е напорно за ‘рбетот бидејќи ја држите главата наведната за 30 степени, што предизвикува затегнување на мускулите што е три до четири пати поголемо отколку кога ја држите исправена.

Ако подолго време не ги испружувате или поместувате нозете, ќе почнат да ве болат мускулите. Таа болка на почеток е послаба, но со тек на време станува сѐ посилна.

Поради тоа, треба додека седите стапалата да ви бидат рамни со подот, а колената да ви бидат свиткани нешто повисоко од висината на колковите. Не седете со прекрстени нозе во колената, ни во зглобовите.

Доктор Ентони Балдузи од Fit Father Project – Fitness For Busy Fathers предлага низа вежби за истегнување за да го подобрите држењето на телото и да се изборите против негативните ефекти од седењето.

Слични содржини