ВИДЕО: Иран нападна американски бази во Ирак

од Aleksandar Todeski

Проектили врз американските бази во Ирак беа истрелани доцна синоќа од страна на иранската војска во рамки на акцијата која може да се нарече најавена одмазда за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, јавувааат иранските медиуми.

Според иранската национална телевизија, Техеран лансирал десетици ракети кон ирачката воздухопловна база Аин Асад во која се сместени американските трупи. Иран истрелал ракети во два наврати. Првиот напад бил во 23:30 часот по средноевропско време, а потоа следувал уште еден напад.

Од Белата куќа соопштија дека најмалку шест ракети биле лансирани врз воената база. Неофицијално се соопштува дека во нападот има десетина настрадани војници.

„Свесни сме за извештаите за нападите врз американските сили во Ирак. Претседателот е известен за сите детали, ситуацијата се следи внимателно и во тек се консултации со тимовите за национална безбедност“, рече портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам.

Иранската државна телевизија објави дека оваа воена акција е наречена „Маченик Сулејмани“ и извести дека Иран наскоро ќе објави повеќе информации за нападот.

Слични содржини