(ВИДЕО) Објавени нови снимки од нередите во Атина: Навивачите на АЕК ги чекале „Бед Блу Бојс“

од Nikola Popovski

Поминаа неколку дена од големите нереди во Атина во кои учествуваа „Бед Блу Бојс“, навивачите на Панатинаикос и членови на навивачката група на АЕК. Голем број хулигани кои учествуваа во масовната тепачка на улиците на Атина се во затвор, а денеска е закажано сослушување и изведување пред суд на навивачите на Динамо Загреб.

Чешката веб-страница „Hooligans.cz“ која ги следи нередите и пресметките на навивачите ширум светот, објави нова снимка од Атина. На неа се гледа група навивачи на АЕК кои прво стојат и чекаат, а потоа бегаат пред да бидат нападнати од навивачите на Динамо и Панатинаикос. Постои сомневање дека тројца Грци биле организатори на овие нереди.

За прикажаните сцени се знае дека се снимени од камерите лоцирани пред стадионот на АЕК во населбата Неа Филаделфија.

Грчките медиуми пишуваат дека полицијата издвоила пет главни осомничени за убиството на Михалис Кацурис. Меѓу нив, наводно, има еден Хрват, еден Албанец и тројца Грци. Грчкиот портал „Newsit“ пишува дека кај Хрватот и Албанецот во моментот на апсење биле пронајдени ножеви со крв на нив.

Слични содржини