Демонстрантите од Шарената револуција го најавија утрешниот масовен протест кој треба да почне утре во 19 часот пред зградата каде е сместено Специјалното јавно обвинителство.

„Режимот планира да го укине СЈО, граѓаните доаѓаат по правдата“, велат шарените.

Тие дадоа ултиматум до 18 јуни да се формира техничка влада, Ѓорге Иванов да даде оставка, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, итно формирање на специјален суд, каде ќе се процесуираат предметите од Специјалното јавно обвинителство и во преговорите да биде вклучен и невладиниот сектор, но ниедно од нивните барања не беше исполнето.

Кога ги кажуваа барањата, демонстрантите истакнаа дека доколку истите не се исполнат, тие ќе ги земат работите во свои раце.

Слични содржини