Пратениците и советниците на СДСМ од Битола, од општина Могила и од општина Новаци, изминатите неколку дена се во сите населени места коишто се загрозени од полавите предизвикани од излевањето на Црна Река.

Главна причина за поплавите во Пелагонија, за поплавеното битолско и прилепско поле, се неисчистените канали на Црна Река.

Уште еднаш излегоа на површина погрешните политики на власта.

На овие луѓе овде не им се потребни споменици од мермер и бронза. Не им се потребни ниту палми, ниту жални врби.

На овие луѓе, итно им е потребна помош. Пред сé, да се исчистат каналите, да се одводнат површините и да се преземат сите мерки коишто се во надлежност на Владата и на надлежните органи.

Во изминатиот период ние предупредувавме дека ќе дојде до вакви состојби.

Ја повикуваме власта, којашто е надлежна, веднаш да им помогне на луѓето, да ги преземе сите мерки за помош на населението, да се исчистат водите од домовите и од населените места.

Власта не е подготвена со две машини да ги исчисти сите овие простори.

Сметаме дека треба итно, сите да им помогнеме на овие луѓе. Ние сме тука да им помогнеме на овие луѓе.

Ги повикуваме и министрите, Ставрески и Цветков, коишто признаа дека неисчистеното корито е основната причина за излевање на Црна Река, веднаш да ги преземат сите неопходни мерки.

Во наредниот период очекуваме дека ќе бидат мобилизирани и дека ќе им се помогне на овие луѓе.

Во прашање се и животите на граѓаните, во прашање е и добитокот којшто е заглавен во шталите и во дворовите.

Слични содржини