Виена најдобро место за живеење, Дамаск најлошо

од Vladimir Zorba

Виена е прогласена за најдобро место за живеење, додека Дамаск е прогласен за најлошо, според извештајот на Economist Intelligence Unit.

Покрај главниот град на Австрија, на листата на најдобри места за живеење се и Копенхаген, Мелбурн, Сиднеј, Ванкувер, Цирих, Калгари, Женева, Торонто, Осака и Окланд.

Истражувањето е спроведено во 173 градови во пет категории: стабилност, здравствена заштита, култура и животна средина, образование и инфраструктура, пишува Економист, додавајќи дека градовите во азиско-пацифичкиот регион најмногу закрепнале од пандемијата на корона вирусот.

Од друга страна, Дамаск, Триполи, Алжир, Карачи, Порт Морезби, Дака, Хараре, Киев и Дуала се оценети како најлоши места за живеење.

Дамаск, главниот град на Сирија, е на дното на табелата повеќе од една деценија, пишува весникот, додавајќи дека Киев и покрај напорите да се заштити од војна, исто така е во првите десет.

Украинската престолнина беше исклучена од индексот во 2022 година, бидејќи Русија изврши инвазија во времето кога се собираа податоците.

Слични содржини