Вилијан планира разделба со Коринтијанс, има опција да се врати во Англија

од Vladimir Zorba

Еден од најискусните фудбалери на Коринтијанс, Вилијан, може да го раскине договорот со клубот. Ова го призна поранешниот бразилски интернационалец по поразот од Фламенго со 0:1

„Знам дека не играв како што можам. Сепак, никогаш не сум бил фудбалер кој постигнува 20 или 30 гола во една сезона“, прокоментира Вилијан.

Крилниот напаѓач има опција да се врати во Англија и да игра за Фулам.

Поранешниот играч на Арсенал и Челси негираше дека е во конфликт со тренерот на Коринтијанс, Витор Переира.

Слични содржини