Вини Харлоу: Убава сум бидејќи тоа го знам!

од Vladimir Zorba

Моделот Вини Харлоу  ги користи социјалните мрежи за да пренесе порака за бодипозитивизам.

Ѕвездата го покажа своето тело, со што ги илустрира двете бои на кожа.

Неколкуте кадри беа потпишани со гордите зборови: “Реалната разлика не е мојата кожа. Тоа е фактот дека не ја наоѓам убавината во очите на другите. Јас сум убава затоа што тоа го знам. Ја славам единствената убавина денес (и секој ден)!”

Вини е дијагностицирана со витилиго од 4-годишна возраст и е меѓу ретките луѓе во светот што има таква состојба на кожата.

Токму овој факт ја прави и меѓу најпознатите во модниот бизнис. Убавицата е поврзувана со шампионот во Формула 1 Луис Хамилтон.

Фото: Instagram

Слични содржини