Виртуелната валута на Facebook доби финансирање од PayPal, Uber и MasterCard

од Vladimir Zorba

Веќе ве информиравме како Facebook ќе ја претстават својата криптовалута на 18-ти јуни. Овој проект е доста интересен и може целосно да го промени начинот на кој ги правиме мобилните плаќања. Виртуелната валута на компанијата се развива со кодното име „Project Libra“ и веќе испровоцирала интерeс меѓу некои од најголемите инвеститори. Од „WallStreetJournal“ информираат дека PayPal, Uber и MasterCard се меѓу првите компании кои се согласуваат да ја финансираат виртуелната валута на Facebook.

Секој инвеститор станува дел од конзорциумот кој ќе ја осигура стабилноста на „Project Libra“. Податоците откриваат дека засега PayPal, Uber и MasterCard го поддржале проектот на социјалната мрежа со суми од 10 милиони долари. Целта на Facebook е да обезбедат финансирање во износ од 1 милијарда, за да обезбедат создавање и промоција на виртуелната валута на пазарот. Една од идеите е „Project Libra“ да биде обврзана кон девизните курсеви на неколку реални валути што ќе гарантира максимална стабилност.

Во последниве недели, имало бројни разговори со надворешни инвеститори и платформи, за да се вклучат во проектот. Facebook сака да ангажира максимум партнери за да направи успешен почеток на виртуелната валута. Ова ќе осигури дека ова ќе биде примарен начин на плаќање не само во Messenger и Instagram, туку и во други апликации и услуги на Интернет. Учеството на PayPal е само потврда на амбициозните планови на компанијата за оваа иницијатива.

Слични содржини