ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка за Резолуцијата во американскиот Сенат

од Nikola Popovski

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос на предложената Резолуција во американскиот Сенат да се слават македонскиот јазик, култура и историја истакна дека ВМРО-ДПМНЕ дава безрезервна поддршка на предложената резолуција за заштита на македонскиот идентитет и ги охрабрува и другите институции и држави да донесат документи за поткрепа на многувековната македонската посебност.

 

Во американскиот Сенат, слично како во германскиот Бундестаг, предложена е резолуција поврзана со македонскиот народ и наследство. Според републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, целта е да прослават слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Во резолуцијата се вели дека е важно да се истакнат клучните придонеси и културно влијание на македонските Американци во САД.

Слични содржини