ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ по втор пат го крахираат Фондот за здравство

од Stefanija Kuzmanovska

СДС и ДУИ ќе останат запаметени по неспособност кога станува збор за функционирање на системот. СДС и ДУИ покажуваат способност само кога треба да крадат. Или СДС и ДУИ се шампиони во неспособност, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„По минатогодишниот колапс на Фондот за здравство, деновиве на праг е втор колапс на Фондот.

Во пракса тоа значи дека граѓаните нема да можат да земат лек на рецепт на први февруари, нема да можат да се прават исплати од ФЗО кон граѓаните кои на пример користеле боледувања, нема да се исплаќаат рефундации за лекови, нема да се прават исплати ниту кон здравствените институции и слично“, наведуваат оттаму.

Додаваат дека со овој втор колапс на ФЗО загрозен е воопшто здравствениот систем во државава.

„Едноставно се ќе биде блокирано. Во овој случај трпат граѓаните, здравствениот систем ќе биде нефункционален, а трпат и вработените во ФЗО чии плати планираат да им ги намалат за 21 процент.

Власта предводена од СДС и ДУИ во здравството за седум години редеше само скандали. Здравството секојдневно се уништува, заминува медицински кадар или нема кој да ги лечи граѓаните, оние кои остануваат да работат тука ниту имаат услови за работа, уште помалку некој се грижи за нивна доедукација преку обуки и слично, позитивната листа на лекови иако ветуваа ја споменуваат само во контекст на тоа да им излезат во пресрет на нивните фармацевтски компании, а не граѓаните да добијат нови лекови на рецепт, лековите поточно цитостатиците и биолошката терапија се злоупотребувале на Онкологија, но некако и тоа се премолчува. И ова е само еден мал дел од скандалите во здравството“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Талат Џафери „само ги продолжува политиките на Димитар Ковачевски“.

Порачуваат дека граѓаните се оставени на цедило.

„Во здравството никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме“, се заклучува во соопштението.

Слични содржини