ВМРО-ДПМНЕ се чуди, а ОЈО го следи случајот со објавувањето на телефонските броеви на пратениците од власта

од Vladimir Zorba

„Навистина не е разбирливо зошто пратениците на СДСМ се нервозни за објавените телефонски броеви на социјалните мрежи, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Тие телефонски броеви и мобилни апарати им ги плаќа токму народот, истиот народ од кои тие се избрани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Телефонските броеви на народните избраници не се тајна и треба секој граѓанин да ги има, бидејќи тие седат во Собранието токму заради народот. Пратениците на СДСМ не треба да бегаат од народот, а особено од прашањата зошто не е објавен протоколот кој министерот за надворешни работи Османи го крие и што содржи тој Протокол и какви гаранции има во предлогот за заштита на македонскиот идентитет, се вели во соопштението на партијата“, додаваат оттаму.

Службените телефонски броеви на пратениците од владејачката коалиција вчера се појавија на Твитер, со повик до граѓаните: „Порачајте им да не го предаваат македонскиот народ“.

Ваквата објава на приватен профил на еден од корисниците се случува во пресрет на утрешната собраниска седница на која што треба да се разгледува францускиот предлог со кој треба да се тргне бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ.

Од скопското обвинителство велат дека ги следат информациите и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело ќе се постапи согласно законските надлежности.

Постот на Твитер содржи телефонски броеви на сите пратеници од СДСМ, ДПТМ, ВМРО-Народна, НСДП, ССМ и еден „независен“.

Слични содржини