ВМРО-ДПМНЕ утре ќе достави Закон за изменување и дополнување на законот за здруженија и фондации

од Nikola Popovski

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи најави дека утре ќе достават Закон за изменување и дополнување на законот за здруженија и фондации.

-Што тоа се смени од 2016та за да може да се регистрираат здруженија со имиња на фашисти во Македонија? Утре ќе доставиме зако, па мнозинството нека не го гласа и јавно, јасно и гласно нека каже дека е на погрешната страна и на историјата и на сегашноста. Смрт на фашизмот – слобода на народот, објави Мизрахи на социјалните мрежи.

Слични содржини