ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците уште ги чекаат и субвенциите од 2017 и 2018 година

од Vladimir Zorba

„Мерките и проектите на СДСМ не се искрени и ефективни. СДСМ уште ги нема исплатено парите од мерката млад земјоделец на ланските апликанти, а ветува зголемување на истата“, реагираат од партијата на Мицкоски на соопштението на СДСМ.

„Младите земјоделци кои додека ја чекаа мерката млад земјоделец од лани, го послушаа Стево Пендаровски и се иселија од државата.

Власта треба првин да ги намирува плаќањата кон граѓаните за изминатите три години, па дури тогаш да ветува нешто друго.

Земјоделците уште ги чекаат и субвенциите од 2017 и 2018 година.

Никаде ги нема ниту загарантираниот откуп и високите откупни цени, кои ги ветуваше Зоран Заев пред три години. Три години беше на власт, три години родот завршуваше на буниште. Земјоделецот си знае низ каква мака помина.“, се вели меѓудругото во реакцијата.

Слични содржини