Во акцијата на Европол уапсени се 21 лице за експлоатација на жртви на трговија со луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

Во заеднички акции координирани од Европол кон средината на јуни, уапсени се 21 лице за работна експлоатација на жртви на трговија со луѓе, соопштија денеска од тоа тело на Европската унија.

Помеѓу 10 и 17 јуни, Европол координираше заеднички акции наречени ЕМПАКТ, со цел справување со трговијата со луѓе и експлоатација на мигранти за работни цели.

Во соопштението се наведува дека во акцијата во која заедно учествуваа извршните власти на 31 земја, со поддршка на Eurojust, Фронтекс и Европската агенција за труд, над 27.000 полицајци извршиле инспекции на вкупно 11.360 локации во повеќе сектори, вклучувајќи ги гастрономијата, земјоделството и индустријата за убавина, особено фокусирајќи се на експлоатација на државјани и бегалци кои не се членки на ЕУ.

Слични содржини