Во бомбашки напад во Кабул загинаа 12 лица (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Експлозија на бомба во саботата се случи во авганистанската престолнина Кабул, изјавија очевидци. Бомбашкиот напад се случи во прометна трговска улица. Загинаа 12 лица, а 28 се повредени.

Експлозијата се случи во западниот дел на градот, дом на малцинската шиитска заедница.

Министерството за внатрешни работи на Талибанците соопшти дека истражен тим бил на местото на експлозијата за да им помогне на ранетите и да ги процени жртвите.

Ниту една милитантна група веднаш не ја презеде одговорноста за нападот, кој се случи во пресрет на Ашура, комеморацијата на мачеништвото на Хусеин, внукот на пророкот Мухамед, кој главно го одбележуваат шиитските муслимани.

Во петокот, најмалку осум лица загинаа, а 18 беа ранети во експлозија во Кабул, извршена од групата Исламска држава, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини