Во Бугарија откриени 15 илегални мигранти во камион ладилник

од Aleksandar Petrovski

На бугарскиот премин Видин на границата со Романија при проверка на камион ладилник откриени се 15 илегални мигранти, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи.

Според првичните информации, мигрантите се по потекло од Сирија, Ирак и Авганистан. Тие имале пасоши и документи за аплицирање за азил во Грција.

Уапсени се и двајцата возачи Грци.

Слични содржини