Во изолација еден од обвинетите, одложено судењето за ,,Шпански скали”

од Берта Китинска

Поради изолација на еден од обвинетите денешното рочиште за судскиот предмет ,,Шпански скали” се одложи .

Како застапник на обвинението во овој случај е јавната обвинителка Ивана Трајчева, а судењето го води судијата Владимир Туфегџиќ. Според обвинението сите обвинети се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на скопскиот плоштад ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

Во случајот „Шпански скали“, освен поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Следното рочиште за овој случај е закажено на 6 април.

Слични содржини