Во кој град во државава утрово е најстудено?

од Stefanija Kuzmanovska

Најниска температура утрово е измерена во Берово – 4, во Прилеп и Виница – 3, во Битола – 2, во Тетово, Штип и во Куманово -1, во Скопје-Зајчев Рид, Претор, Демир Капија,ж и Гевгелија 0, во Крива Паланка, Дебар, Дојран и Лазарополе 1, во Охрид 2, во Маврови Анови 3, на Попова Шапка и Крушево шест степени.

По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност која попладне ќе се намалува. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северозападен правец, што ќе предизвика делумно намалување на маглата.

Во Скопје ќе има појава на магла или ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата. Максималната температура ќе достигне 4 степени.

Слични содржини