Во Лондон протест против новите епидемиолошки мерки

од Vladimir Zorba

Илјадници демонстранти се собраа пред плоштадот „Трафалгар“ во Лондон во знак на протест против карантинот и мерките за социјално дистанцирање воведени за да се спречи ширењето на КОВИД-19.

Лондонската полиција ги предупреди демонстрантите да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање. Од полицијата уште пред почетокот на протестот беше соопштено дека претставниците на органите за спроведување на законот прво ќе им објаснат на демонстрантит дека треба да ги почитуваат мерките за дистанцирање, но дека ќе мора да спроведат соодветни мерки, доколку тие одбијат да го сторат тоа.

На почетокот на протестот, се виде дека полициските службеници се наоѓаат околу група демонстранти, од кои многумина не носеа маски, но не им се спротивставува, пренесе Асошиејтед прес.

Демонстрациите се организирани во момент кога парламентот се подготвува да го ревидира законот за КОВИД-19 и додека владата воведува нови ограничувања за контрола на ширењето на вирусот. Некои пратеници ја критикуваа владата за воведување нови мерки без претходно одобрување од парламентот.

Слични содржини