Во Малме започнува судењето на еколошката активистка Грета Тунберг

од Stefanija Kuzmanovska

На еколошката активистка Грета Тунберг денеска ѝ се суди во градот Малме на југот на Шведска бидејќи одбила да ги послуша полициските наредби за време на еколошката акција во средината на јуни, кога таа и нејзините поддржувачи го блокираа градското пристаниште.

Тунберг е обвинет за „одбивање да послуша наредба“ и затоа мораше да се појави пред судот во Малме денеска во 11:30 часот по локално време, пишува париски „Фигаро“.

„Одлучивме да не бидеме набљудувачи и затоа физички ја затвораме инфраструктурата за фосилни горива. Ја враќаме иднината“, објави Грета Тунберг на Инстаграм, а портпаролката на еколошката организација „Барајте ја иднината“ Ирма Кјелстром потврди дека светски познатата млада активистка денеска ќе се појави на суд.

Делото за кое се товари предвидува максимална казна од шест месеци затвор, но според Шарлот Отосен, обвинителка за овој случај, најмногу се изрекуваат парични казни.

Слични содржини