Во Охрид утре седница на Централниот одбор на СДСМ

од Vladimir Zorba

Заокружување на внатрепартиските промени и избор на ново партиско раководство се меѓу темите на утрешната седница на Централниот одбор на владејачката СДСМ.

Централниот одбор ќе заседава во Охрид, а деветтата седница, како што е најавено во партиското соопштение ќе почне во 16:00 часот.

На дневен ред се и суштинските промени во партијата, новот систем на дејствување и работа на партијата и напредокот на државата.

Слични содржини